Нападите на фронтот продолжуваат на двете страни
Војната во Украина останува високо на агендата на Минхенската безбедносна конференција, нападите на фронтот продолжуваат на двете страни. Киевската област и Одеса повторно на удар на руските ракети...

Додека војната во Украина останува високо на агендата на Минхенската безбедносна конференција, нападите на фронтот продолжуваат на двете страни. Киевската област и Одеса повторно на удар на руските ракети. Украина возвраќа врз Белгород. Зеленски со набиена агенда во Германија и повторени апели за воена помош и напори за мир.
„Благодарен сум за вашите лични напори со САД, додека не го запреме ова, додека не заврши оваа војна се надевам дека ќе продолжиме да работиме заедно“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
Трамп со став – Зеленски ќе ја пропушти шансата за мир ако „не дејствува“.
„Зеленски ќе мора да се активира. Русија сака да склучи договор, а Зеленски ќе мора да се активира, во спротивно ќе пропушти одлична можност“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
Се очекува американските, украинските и руските претставници да одржат уште една рунда разговори на почетокот од следната недела во Женева.
