Денеска се слави „Свети Трифун“ и „Свети Валентин“, спој на традицијата и современите трендови
Денеска, особено младите покрај христијанскиот „Свети Трифун“ го прославуваат и католичкиот „Свети Валентин“. Празникот со кој се дава значење на љубовта, почитта и пријателството.

Ден исполнет со емоции и наздравувања. Додека едни ги закројуваат лозјата во чест на „Свети Трифун“ други брзаа да купат цвеќе, чоколади и црвени срца за денот на вљубените. Последниве години се повеќе млади го одбележуваат „Свети Валентин“. Дел од граѓаните сметаат дека треба да се негува православната традиција но други велат, дека љубовта нема вера и граници. Љубовта и виното одат заедно.
Интересот за подароци и романтични изненадувања расте од година во година.
Обичајот за прославување на „Свети Валентин“ бил воведен од ќерката на англискиот крал Хенри четврти уште во 17 век, од кој и се прославува низ светот. На овој ден се празнува љубовта, почитта и пријателството.
14 февруари кај нас е денот кога се слават љубовта и виното. Спој на традицијата и современите трендови.
Ана Јосифоска
