Македонија-САД

Македонија и САД ја зајакнуваат трговската размена

14.02.2026 17:08

Новиот трговски договор наиде на задоволство кај стопанството. Експертската фела смета дека нашата земја треба да ги искористи бенифите кои и се нудат. Шефот на дипломатијата, вели дека спогодбата со САД ќе донесе големи придобовки во повеќе бизнис сектори.

Подобрување на македонската економија и развивање на стратешките односи со САД, предвидува постигнатиот договор со нашиот стратешки партнер, вели министерот за надворешни Муцунски. Со него ќе бидат опфатени повеќе области, како царини, зајакнување на економската и националната безбедносна соработка, дигитална трговија, енергетскиот сектор, нетарифни бариери.

Стопанството го поздрави овој чекор, откако беше објавен документот за нула отсто тарифи за американски индустриски и земјоделски производи и задржување на извозните царински стапки од 15%.

Македонија во САД извезува тутун во лист, мадраци, ајвар, полнети чоколада, електрични кондензатори, муниција и нејзини делови, други машини и уреди, електрични спроводници за во телекомуникациите. Покрај ова најголема ставка се автобусите од „Ван Хол“, кои пред да заминат во САД, одат во матичната фабрика во Белгија, каде што се финишира производството и потоа бродски се транспортираат.

Во одредбите стои и дека двете држави ќе поддржат отворена дигитална економија, без воведување данок на дигиталните услуги.

И експертската фела е на ставот дека Македонија мора да ги искористи политичките и економски односи што ги има со Америка.

Според државната статистика, мината година меѓусебната трговија со Соединетите Американски Држави била 481,9 милион долари, од кои извозот бил 248,4 милиони, а увозот 233,4 милиони долари.

Извозот со оваа земја споредбено со 2024-тата бил зголемен за дури 110%.

Борис Грујоски