Русија предупредува дека воената акција против ИДИЛ во Сирија е кршење на меѓународното право

11.09.2014 17:10

Обединетите нации потврдија дека се ослободени сите 45 сини шлемови од мировната мисија на Фиџи кои како заложници ги држеше сириската терористичка група Фронт ал Нусра.

Во меѓувреме, Русија ги предупреди САД против еднострани воздушни напади против бунтовниците во Сирија, а Турција соопшти дека не ги отстапува своите бази за напади врз џихадистите, туку ќе се фокусира на хуманитарните операции.

„Американскиот претседател зборуваше за можност за напади на американската војска против ИДИЛ во Сирија, без согласност од легитимната влада. Без одлука на Советот за безбедност на ОН, тоа ќе биде чин на агресија и тешко кршење на меѓународното право“, рече Александар Лукашевич, портпарол на МНР на Русија.

Предупредувањето доаѓа во време кога државниот секретар на САД, Кери е во Саудиска Арабија за да изгради коалиција против Исламска држава, а претседателот Обама во ноќешното обраќање се закани со акција и во Сирија и во Ирак.