Протести во Сараево по трагедијата со трамвај во која загина едно лице
Протести во Сараево по трагедијата во која загина едно лице, а четворица беа повредени откако трамвај излета од шините, удри во автомобил и заврши на трамвајската постројка забивајќи се во толпа луѓе.

Едно од повредените лица е сè уште во тешка состојба. Демонстрантите побараа оставка од владата на Сараевскиот кантон. Протестите беа мирни, со мал инцидент во Скендерија, а присуствуваа и родители кои побараа поголема безбедност за децата.
„Го познавав момчето што почина, тој ми беше многу добар пријател, навистина беше прекрасен, талентиран сликар и паметен, а имаше само 22 години. Навистина не знам што да кажам. Премногу сум тажна“, изјави жителка.
„Ситуација со јавниот превоз е ужасна. Веќе не се чувствувам безбедно во трамваите по несреќа, но знам дека може да биде подобро ако сите инвестираа повеќе во јавниот превоз. Тажно“, изјави жител.