Прилепчни го чекаат продолжување на Законот за легализација
Околу 1.000 предмети чекаат на продолжување на законот за легализација, ама главните надежи за стопански развој на Прилеп се гледаат во измените во досегашниот генерален урбанистички план. Дозволите за градба двојно ќе се зголемат...

Околу 1.000 предмети во Прилеп чекаат на продолжување на законот за легализација за да бидат решени. Иако предлог-законот е на второ собраниско читање, а постојат и реакции за законска основаност, единствена можност за нивно решавање е да добијат епилог во наредните пет години.
Но, Прилеп има посигурна можност за развој преку текстуалните измени на Генералниот урбанистички план што важеше до 2023 година. Штом се донесат оваа пролет, градот има надеж за развој.
Текстуалните измени ќе му го продолжат рокот на стариот ГУП до донесувањето на новиот по три години.
Прилепските стопанственици и домаќинства најмногу се надеваат на измените во досегашниот генерален урбанистички план.
Елизабета Митреска
