Труд

Различни толкувања за продуктивноста на трудот

15.02.2026 17:25

Продуктивноста на трудот на тест на издржливост, бизнисот ја проблематизира, работниците велат работиме подеднакво како европските, но за третина од нивната плата. Колкави остварувања бараат работодавачите за да бидат задоволни, барањето за повисок минималец ја разбранува темата. Експерите со став ќе се подгрее инфлацијата..

Продуктивноста на трудот на тест за издржливост. Работниците велат и Меѓународната организација потврдува дека вработените се двојно попродуктивен со поголема економска вредност од платата што ја добива. Индикаторот за БДП по одработен час во Македонија е 34 долари, што е над светскиот просек од 23,27 долари. Според пресметките на ССМ работник кој зема минималец добива само 17% од вредноста што ја создава.

Бизнисот ја користи непродуктивноста како изговор за незголемување на минималецот, вели првиот човек на Конфедерацијата на работодавачи.

Барањата за повисок минималец ја разбрануваа темата. Според експертската фела, ако порасне минималната плата на 600 евра, ќе се подгрее инфлацијата, односно ќе има повисоки цени.

Според економистите, примамливо звучи примањата да се зголемат за 50%, но ако тоа не е поткрепено со зголемена продуктивност, ќе има негативни ефекти во економијата.

Државната статистика објави дека месечната инфлација во јануари се намалила за 0,7%, што според стопанството е добар индикатор, иако на постојат ризици, како домашни, така и глобални.

 

Борис Грујоски