закон за пушење
Законот за пушење ќе се воведува етапно по реакциите на угостителите
15.02.2026 19:01
Владата се повлекува од првичниот план закон да стапи на сила на 1 март, поради бројните забелешки од засегнатите страни.

Наместо целосна примена на Законот за пушење, мерките ќе се воведуваат етапно, со цел да се избегнат економски последици и проблеми со спроведување на терен. Владата се повлекува од првичниот план закон да стапи на сила на 1 март, поради бројните забелешки од засегнатите страни.
Оттаму посочуваат дека се водат разговори помеѓу угостителите, инспекциските служби и здравствените институции, а од исходот ќе зависи донесувањето и примената на законот.
Предлог-законот предвидува строги ограничувања во јавни и работни простории како и високи казни за граѓаните и фирмите што предизвика силни реакции кај угостителскиот сектор.
