Обилни врнежи, поплави и евакуирани жители
Околу двесте жители се евакуирани, голем број домови се поплавени, под вода и објекти во болницата во Кичево. По обилните врнежи алармантна е состојбата со водостојот на реките во западниот дел на државава, метеоролозите предупредуваат на опасноста од прелевања.

Околу 200 луѓе евакуирани во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево. Десетци куќи и возила се под вода по вчерашните обилни врнежи од дожд кои предизвикаа излевање на Зајаска река. прогласена е кризна состојба. Засега нема животно загрозени лица а за евакуираните организирана е достава на хуманитарна помош. Храна, вода, душеци, ќебиња. И тимови од Скопје се упатени со неопходна помош.
Од Центарот за управување со кризи велат дека состојбата се следи. Најсриоиозна е ситуацијата на улицата „Прилепска“, но имало пријави и од поплавени домови во Скопје.
Алармантна е состојбата и во Општина Сарај. Екипите се на терен.
Од УХМР велат дека стабилизација на времето се очекува во среда, но од петок повторно дождови.
Зголемен водостој на Вардар, Треска, Црна и повеќе реки во западна Македонија. УХМР предупредува на можни локални излевања во Полошко, Пелагонија, Охридско и Струшко.
Ана Јосифоска
