СДСМ обвинува за сомнителни тендери, власта вели популизам
Опозицијата со документи обвинува за сомнителни тендерски постапки и распределба на милионски договори преку една скопска фирма во општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија со став дека се селективни и политички монтирани, а опозицијата шири популизам.

74 тендери вредни 17,6 милиони евра за само две години добила скопска фирма, во 2024 и 2025 биле склучени 59 договори, најголем дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ, тврдат социјалдемократите. Велат зад грбот на народот, едни исти фирми добиваат милионски тендери со милионски суми.
Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека опозициската партија со популистички прес-конференции се обидува да ја замајува јавноста. Бараа да објаснат како истата оваа фирма, можеби и двојно повеќе тендери има добиено, кога институциите ги управувале СДСМ заедно со ДУИ. Ги повикаа да дадат одговор како Заев и Филипче со функционерски плати се луксузираат и се дел од градежен бизнис.
Власта и опозицијата деновиве се конфронтираат на различни теми, е за скандалот со марихуаната, за изградбата на модуларните болници, за минималната плата за која се водат дебати во бизнис заедницата, синдикатите и во институциите.
Игор Панов
