Украина

Киев и Москва продолжуваат со меѓусебни напади

15.02.2026 19:39

Во пресрет на мировните разговорите во Женева, САД понудиле 15 години безбедносни гаранции, додека Зеленски бара нивно зголемување.

Киев и Москва продолжуваат со меѓусебни напади и обвинувања и покрај дипломатските напори за мир. Во меѓувреме, Зеленски се сретна со американскиот државен секретар Рубио во Минхен.

Се разговарало за состојбата на фронтот, руските удари, дополнителната воздушна одбрана и безбедносните гаранции. Во пресрет на мировните разговорите во Женева, САД понудиле 15 години безбедносни гаранции, додека Зеленски бара нивно зголемување.

„Работиме на гаранциите, блиску сме до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме дека навистина сакаме да ги продолжиме безбедносните гаранции, за да бидат поефикасни за инвеститорите на кои им се потребни гаранции повеќе од пет до десет години. Имаме предлог од САД за 15 години, но сакаме да имаме 20 па и повеќе“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.