Сообраќајот се одвива непречено, по претежно влажни коловози
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во непречено, по претежно влажни коловози, информира АМСМ. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во моментот не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 м. има на Плетвар и Пресека.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
