Високо образование

Продолжува јавната дебата за Законот за високо образование

16.02.2026 10:26

Како што најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, МОН ќе има средба со сите професори кои ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе бидат дискутирани спорните членови.

Министерството за образование и наука од денеска почнува со посета на универзитетите во земјава во рамки на јавната расправа за Законот за високо образование.

Како што најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, МОН ќе има средба со сите професори кои ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе бидат дискутирани спорните членови.

Јаневска нагласи дека јавната дебата за Законот за високо образование сè уште не е завршена и дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите и најави дека неделава, по договор со универзитетите, Министерството ќе оди во нивна посета на јавна расправа.