САД и Иран утре во Женева ќе одржат нова рунда разговори за нуклеарната програма
Од Вашингтон велат дека не размислуваат за напади и дека се фокусирани на дипломатско решение, а засиленото американско воено присуство е од одбранбени причини...

САД и Иран утре во Женева ќе ја одржат новата рунда разговори за нуклеарната програма. Од Вашингтон велат дека не размислуваат за напади и дека се фокусирани на дипломатско решение, а засиленото американско воено присуство е од одбранбени причини.
„Виткоф и Кушнер веќе патуваат за овие состаноци. Во моментов сме фокусирани на преговори. Претседателот тоа јасно го стави до знаење. Ако тоа се промени, ќе им биде очигледно на сите“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.
Верувај, но проверувај-велат од Израел. Договорот со Иран мора целосно да ја демонтира нуклеарната инфраструктура-изјави Нетанјаху.
„Целиот збогатен материјал мора да го напушти Иран, треба да се демонтираат опремата и инфраструктурата, и да се решат прашањата со балистичките ракети“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Техеран изрази подготвеност за компромиси ако Вашингтон ги укине санкциите.
