Во блиска иднина нема да има проширување на ЕУ?

11.09.2014 19:48

„Од денешен агол процесот за кандидатите за во ЕУ ќе трае уште некое време. Поради тоа реална е проценката дека во блиска иднина нема да има проширување“, изјавил новоназначениот комесар за прширување Јоханес Хан во интервју за австриската агенција АПА, додавајки дека неопходно е да се исполнат принципите на владеење на правото и другите важни критериуми од страна на земјите-кандидати.

Инаку досегашниот комесаријат за проширување на Европската Унија е преименуван во комесаријат за соседска политика и преговори за проширување.

Токму ова преименување предизвика внимание кај експертите во Брисел, кој ја анализираа неодамнешната изјава на Јункер и за Македонста Телевизија експлицитно објаснија дека ,,нови членки во ЕУ нема да има во следниот петгодишен период, но тоа не значи и дека нема да има нови преговори за одпочнување на тој процес кој по правило е подолг од мандатот на европскиот естаблишмент.“

„Процесот на пристапување останува отворен за Балканските држави, јасна е подржката за европската перпектива за балканските држави. Таа не исчезнала“, рече Корина Стратулат.

Според аналитичарката од Европскиот политички центар следниот период ке биде искористен за консолидација на досега сработеното и задржување на фокусот на земјите кандидати во реформскиот процес.

На тимот на Јункер му преостанува уште да ја добие согласнота од Европскиот Парламент и официјално да ја превземат должноста на 1 ноември.

Марина Стојанова Тонева