Изминатата седмица санкционирани 117 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 09.02 до 15.02.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 117 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот...

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 09.02 до 15.02.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 117 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
