Построги критериуми за субвенции и засилени контроли, најави Трипуновски
Зголемување на критериумите за добивање субвенции и засилени теренски контроли, најави министерот за земјоделство Трипуновски. Контролите нема никако да бидат тенденциозни, ќе се спроведуваат зашто се воочени корисници на субвенции кои воопшто не ги обработувале површините, вели Трипуновски …

На земјоделците ќе им бидат исплатени субвенциите, нема да бидат намалени туку ќе се заострат критериумите за нивно добивање. Се зголемува бројот на хектари за производство и број на грла добиток за да се избегне давање финансиска поддршка на лица кои воопшто не се занимавале со земјоделство, вели ресорниот министер, Трипуновски.
И оваа година ќе продолжи кампањата „Купувајте македонски производи“ за да се стимулира зголемено земјоделско производство.
Ирина Гелевска
