Одбојка - СП Полска 2014
Американците ја потиснаа Србија
11.09.2014 20:02
Дополнително компликување на ситуацијата во Групата „Е“ и почеток на расплетот во конкуренцијата „Ф“ во втората фаза на Светското одбојкарско првенство во Полска. Вчерашната голема победа против домаќинот, Американцијата ја потврдија со три бода проив Србија. 3:1, иако го загубија првиот сет со 25.23, сепак благодарение на дисциплинираната игра и на индиспонираноста и големиот број грешки на противникот, го свртија натпреварот во победа во четири сета, 31:29, 25:17 и 25:21.

Дополнително компликување на ситуацијата во Групата „Е“ и почеток на расплетот во конкуренцијата „Ф“ во втората фаза на Светското одбојкарско првенство во Полска. Вчерашната голема победа против домаќинот, Американцијата ја потврдија со три бода проив Србија. 3:1, иако го загубија првиот сет со 25.23, сепак благодарение на дисциплинираната игра и на индиспонираноста и големиот број грешки на противникот, го свртија натпреварот во победа во четири сета, 31:29, 25:17 и 25:21. Во кругот од пет репрезентации коишто конкурираат за трите места што носат во третиот круг, исто тако во групи, но еквивалент на четвртфинале, Соединетите Американски Држави напредуваа на третата позиција со 10 бода и ја спуштија Србија на петтата со девет.
Иран со чисти 3:0 ја совлада Аргенита, ја исфрли од конкуренција и сега е на првото место со 11 бода. Французите кои имаат 10 и Полјаците со девет се во позиција вечерва да се доближат на чекор до третата фаза. Французите играат против отпишаната Австралија, а Полска со Италија која без Зајцев само со триумф може да се надева на чудо и преживување меѓу најдобрите. Преносот од овој натпревар ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 20 часот и 25 минути.
Ситуацијата во Групата „Ф“ е многу појасна. Актуелниот шампион го продолжи максималниот ефект со триумф во три сета против Кина и како лидер има 15 бода. И Русија со12 се уште е без пораз и е апсолутен фаворит против Куба. Канѓаните оставрија ваќна победа од 3:0 против Финска за третата позиција со 10 бода. Клучен ќе биде вечерашниот дуел во којшто Бугарите се пред императив на победа против Германија зад којаштѕо заостануваат четири бода за еевентуално да ја продолжат незивесноста за третото место во ова друштво.
