МВР
Уапсени две грчки државјанки, осомничени за кражба во општина Аеродром
16.02.2026 19:02
Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором одзеле повеќе козметички производи.

Вчера во 19 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.
Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором одзеле повеќе козметички производи.
По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
