Нема изненадување – САД во финалето!
Квалитетот на НБА ѕвездите дојде до израз на почетокот на второто полувреме. Со серија од 10-0, Американците се одлепија и го решија полуфиналниот дуел...

Американците доминираа на секој досегашен натпревар на кошаркарскиот мундијал. Така беше и во полуфиналето со Литванија коешто го добија со 96-68.
Квалитетот на НБА ѕвездите дојде до израз на почетокот на второто полувреме. Со серија од 10-0, Американците се одлепија и го решија полуфиналниот дуел. Литванците парираа во првите 20 минути, но и во нив селекцијата на Соединетите Американски Држави сигурно ја градеше предноста. 21-16 во воведниот, 22-19 во вториот период, по што на одмор Американците имаа водство од осум коша 43-35. Откако го кренаа ритамот, Литванците немаа решение, па полуфиналето заврши до средината на третата четвртина кога бранителот на тронот направи разлика од 20 поени.
Кајл Ирвинг со 18 поени беше најефикасен во американскиот национален состав којшто ќе се обиде да го освои петтиот трофеј светски првак. Валанчиунас и Кузминскас дадоа по 20 коша за Литванија која се надева на четвртата мундијалска бронза. Балтичката држава досега не успеа да се пласира во финале на светските првенства. А во неделното противник на Американците ќе биде поуспешниот од утрешното соочување меѓу Србија и Франција.
