Образование

Законот за високото образование ја бранува јавноста

16.02.2026 17:40

Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофални и ја уриваат автономијата на универзитетите, критикува лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој не е сигурен дека ваквите измени може амандмански да се коригираат. Министерството пак, од денеска почнува со посети на универзитетите низ земјава во рамките на јавната расправа за новото законско решение.

Законот на ЕНЕР, Министерството за образование организира јавни расправи со професорите на универзитетите за законот за високо образование. Од МОН велат дека целта е преку директен дијалог со академската заедница да се чујат сите забелешки, предлози и сугестии.

Од СДСМ, пак, со став, планираните промени се катастрофално лоши и ја загрозуваат автономијата на универзитетите. Лидерот на партијата Венко Филипче, смета дека промените ќе отворат можност за дискриминација, партизација и владина контрола врз универзитетите, и побара повлекување и доработка на решението.

Од ресорното министерство велат, со пакетот закони се поставуваат јасни правила за работата на универзитетите, со цел обезбедување квалитетна наука, одговорни професори и резултати корисни за општеството, бидејќи Македонија нема време за просечни резултати и половични решенија.

 

Марија Котовска