Инфраструктура

Пробиен последниот тунел во изградбата на пругата Бељаковце-Крива Паланка

16.02.2026 15:40

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот фејсбук-профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те, во делот на изградбата на пругата Бељаковце-Крива Паланка...

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот фејсбук-профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те, во делот на изградбата на пругата Бељаковце-Крива Паланка.

„Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15-те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија (Бељаковце – Крива Паланка).

Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена.

И натаму моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е според очекувањата но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес.

Коридорот 8 е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранско Море со Црно Море“, објави Ивановски.