На СП во одбојка Бразил со стонастотен ефект, Полска се рехабилитира
Селекцијата на Полска го загуби првиот сет против Италија, но ги освои следните три со што останува во игра за првото место во “Е“ групата. Идентична победа во вечерната програма славеше и Франција над Австралија, а претходно со 3 : 1 САД ја совладаа Србија, додека Иран беше доминантен против Аргентина за победа во 3 сета. По 5 одуирани натпревари Франција е лидер со 13 бода, еден повеќе од Полска, а со шанси за едно од првите три места кои водат во борбата за медал се и Иран со 11, САД со 10 и Србија со 9 бода.

Во “Ф“ групата вечерва Русија беше подобра од Куба со 3 : 1, а со ист резултат Германија ја порази Бугарија. Попладневните натпревари завршија во 3 сета, во кои Бразил ја совлада Кина, а Канада Финска. На две кола до крајот на втората групна фаза актуелниот шампион Бразил води со 15 бода, еден повеќе од Русија, Германија има 12 а Канада 10 бода. Утре е слободен ден, а во сабота одново со два преноса на МРТ на директните ривали за следната фаза, Србија – Франција и Германија – Русија.