Украина

Трилатерални мировни преговори во Женева

17.02.2026 08:22

Зеленски предупреди дека Русија подготвува нови напади врз енергетскиот сектор, кои можат да го отежнат постигнувањето какви било договори.

Делегациите на Украина, Русија и САД на дводневни мировни преговори во Женева, на кои се отвораат клучни прашања, вклучително и територијалните. Засега нема најава за значаен пробив, а Вашингтон ја повика Украина брзо да влезе во преговори, истакнувајќи ја својата позиција на сила.

Зеленски предупреди дека Русија подготвува нови напади врз енергетскиот сектор, кои можат да го отежнат постигнувањето какви било договори.

„Русија не може да одолее на искушението од последните денови од зимскиот студ и сака да нанесе болни удари. Колку повеќе ова зло доаѓа од Русија, толку потешко ќе биде за сите да постигнат какви било договори со нив. Партнерите ова мора да го разберат. Особено САД“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.