ЗНМ одбележува 80 години постоење
Од ЗНМ информираат дека во рамки на настанот ќе бидат доделени годишните награди: „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство за 2025 година, Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2025 година...

Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ) вечерва со свеченост во Македонска опера и балет ќе го одбележи јубилејот – 80 години од своето основање.
Од ЗНМ информираат дека во рамки на настанот ќе бидат доделени годишните награди: „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство за 2025 година, Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2025 година.
Во соопштението се наведува дека јубилејот претставува значаен момент за ретроспектива на осум децении посветена работа во заштита на новинарската професија, слободата на изразување и јавниот интерес.
