Под вода повеќе региони, се санираат штетите
Во гостиварско Форино беа поплавени 200 куќи, во тетовско се појавија свлечишта. Во Кичево се евакуирани 250 лица. Материјална штета има во 362 домаќинства. Поплави и во скопски Сарај. Водата навлезе во над 30 домови.

По изобилните врнежи од дожд под вода се најдоа неколку региони во земјава. Најкритично во тетовскиот, кичевскиот и во гостиварскиот регион. Поплавите направија штета во голем број домаќинства, дел од куќите се целосно уништени.
Во гостиварско Форино беа поплавени 200 куќи, во тетовско се појавија свлечишта. Во Кичево се евакуирани 250 лица. Материјална штета има во 362 домаќинства. Поплави и во скопски Сарај. Водата навлезе во над 30 домови.
Околу 1.200 лица се соочуваат со последиците од временската непогода, велат од Црвениот крст.
Се бројат штетите, граѓаните имаат рок до 23-ти февруари да пријават. Комисијата излезе на терен.
