Уставен суд

Уставен суд и Академијата за судии и јавни обвинители денес ќе потпишат Меморандум за соработка

17.02.2026 09:18

Уставниот суд на Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.

Во насока на зајакнување на меѓуинституционалната соработка и продлабочување на стручниот дијалог за уставно-правни прашања, Уставниот суд на Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.

Како што соопштуваат од Уставниот суд, документот има за цел да ја унапреди соработката меѓу двете институции, да овозможи размена на знаења и искуства, како и да придонесе за јакнење на институционалните капацитети.

Со потпишувањето на Меморандумот се потврдува заедничката заложба за развој на стручната едукација, подобро разбирање на уставната рамка, заштита на уставноста и законитоста, како и за унапредување на современите институционални стандарди.