Duran Duran повторно доаѓаат во Македонија

17.02.2026 09:00

Култниот британски бенд најави европска турнеја, а меѓу земјите е и Македонија. Точниот датум сѐ уште не е објавен, но „Авалон“ веќе ја загреа атмосферата на социјалните мрежи.

Легендарниот британски бенд Duran Duran потврди дека ќе настапи во Македонија како дел од новата европска турнеја. Најавија концерти во повеќе европски земји, меѓу кои Данска, Холандија, Чешка, Унгарија, Бугарија, Србија и Македонија.

Иако точниот датум и локацијата на концертот сѐ уште не се соопштени, неколку часа по објавата реагираше и Авалон продукција. Продукцијата сподели стихови од нивниот голем хит „Is There Something I Should Know?“ од 1983 година, што многумина го протолкуваа како најава дека токму тие ќе стојат зад организацијата.

Duran Duran последен пат настапија во Скопје на 7 јули 2012 година, исто така во организација на „Авалон“, кога приредија концерт за паметење пред македонската публика.