МВР

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

17.02.2026 09:40

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата на бул. „Илинден“ и бул. „Свети Климент Охридски“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници...

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата на бул. „Илинден“ и бул. „Свети Климент Охридски“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, соопштија од МВР.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

МВР со апел до сите граѓани учесници во сообраќајот, да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.