Авиосообраќај

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до Алгеро и Палермо во Италија

17.02.2026 16:00

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави дека од месец јули од аеродромот од Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии кон Алгеро, Сардинија и кон Палермо...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави дека од месец јули од аеродромот од Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии кон Алгеро, Сардинија и кон Палермо.

Како што соопшти, од 18-ти јули од Меѓународен аеродром Скопје ќе може да се лета до Алгеро на Сардинија, додека од 15-тијули ќе биде воспоставена и авиолинија до Палермо.

Новите линии ќе ги оперира Wizz Air, а според најавите се очекува дополнително зголемување на авиосообраќајот на скопскиот аеродром. Николоски посочи дека 2025 година била рекордна за аеродромот со над 3,2 милиони патници, а со воведувањето на новите дестинации, како што наведе, Скопје се позиционира како лидер во регионот.

Исто така најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo.

„Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром“-напиша Николоски.