Македонија

УХМР: Променливо облачно и врнежливо време и наредните денови

17.02.2026 18:55

Во текот на ноќта кон петок и во петок се очекуваат нови врнежи – во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено.

Продолжува периодот на променливо облачно и врнежливо време. Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, со негативни минимални температури низ целата земја, информираат од УХМР.

Во текот на ноќта кон петок и во петок се очекуваат нови врнежи – во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено, проследено со умерен до засилен северен ветер, додека од понеделник се најавува постепен пораст на дневните температури.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално со брзина над 60 километри на час, особено долж Повардарието.

Во Скопје се очекува слично време – променлива облачност со сончеви интервали и засилен северен ветер.