Справување со последиците од поплавата во Кичево, Народен правобранител отвори предмет
Народниот правобранител отвори предмет за сериозноста на состојбата со поплавите на територијата на општина Кичево. Ја посочува како директна закана за безбедноста на здравјето и имотот. Жители од поплавените подрачја сè уште се евакуирани. Се прават проценки на штетите од поплавите. Водостојот на реките е висок, има опасност од ново излевање, но засега состојбата е под контрола, надлежните сè уште интервенираат на терен.

Народен правобранител отвори предмет во врска со сериозната состојба со поплавите во Кичево. Според првичните податоци, врз основа на фотодокументација и информации добиени од граѓани, поплавите зафатиле јавни сообраќајници, станбени објекти и објекти од јавен интерес. Ова состојба претставува директна закана за безбедноста, здравјето и имотот на граѓаните. Народниот бранител доставил официјално барање до сите институции за итна и целосна проценка за причините за настанатата состојба. Дождот утринава причина за нови поплавувања на домовите. Граѓани барале помош од центарот за управување со кризи.
Граѓани или компании коишто сакаат да помогнат во кризата помошта треба да оди преку Црвен крст за да се следат донациите.
Над 250 граѓани се сместени во Спортскиот центар во Кичево. Додека надлежните бараат решение за нив поплавените подрачја се расчистуваат, се чисти речното корито.
Сè уште на критично ниво е водостојот на реките, има опасност од поплави. Опасност од излевање има и на Вардар, кај Јегуновце тетовско, но на Треска кај Македонски Брод.Засега состојбата е под контрола.
Наташа Јанчиќ-Менковски
