ССМ бара зголемување на платите, во спротивно најавува генерален штрајк
Од Сојуз на синдикати на Македонија очекуваат Владата и работодавачите до крајот на месецот да се договорат за зголемување на минималната плата на 600 евра и раст од 100 евра на останатите плати, во спротивно најавуваат генерален штрајк и проширување на протестите низ земјата.

ССМ очекува Владата и работодавачите да се договорат за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите преостанати за 100 евра до крајот на месецов, во спротивно најавуваат генерален штрајк, и проширување на протестите во сите градови.
Македонскиот работник е двојно помалку платен. Само 17% од вкупниот профит на работодавачите – велат од ССМ. Според нив, за работодавачите продуктивноста е изговор.
Некои работодавачи бараат ослободување од социјалните придонеси, други намалување, а трети се на ставот дека проблемите се решаваат на маса, а не на улица.
Доколку нема дополнително зголемување на минималната плата, според законското усогласување во март ќе биде повисока за 1.700 денари.
Александра Велинова
