Уставен суд

Наскоро комплетирање на Уставниот суд

17.02.2026 17:34

Уставниот суд и Академијата на судии и јавни обвинители ја зајакнуваат меѓусебната соработка. Првиот човек на највисоката уставна институција вели дека наскоро составот на судии ќе се комплетира, со што ќе се подобри ефикасноиста на судот.

Наша работа е да ја вратиме довербата во правната држава, одлуките на Уставниот суд никој не треба да ги гледа како закана, вели претседателот Костадиновски во пресрет на утрешната седница.

Најави откако ќе се комплетира составот ќе се разгледува Законот за јазиците, но и останатите предмети кои имаат голем интерес во јавноста. За предлогот на интегративците Бадентерот да влезе во Уставен, децидни – ако се случи такво нешто треба да ставиме клуч на врата.

Уставниот суд ја зајакнува соработката и со Академијата за судии и јавни обвинители.

Претходно, потпишани меморандуми и со Правниот факултет и Здружението на правници.

 

Викторија Милевска