Совет на јавни обвинители

Процедурата за избор на нов државен јавен обвинител влегува во клучна фаза

17.02.2026 17:01

Четворица кандидати за највисоката функција во судската фела го минаа филтерот на Советот на јавни обвинители. Од трката отпадна поранешниот кривичен судија Панчевски. Сега не на потег е Владата. Ќе одлучува чие име ќе адресира до Собранието кое треба да го избере новиот државен обвинител...

Три обвинителки и еден судија го минаа филтерот на Советот на јавните обвинители за највисоката функција во фелата.

Позитивните мислењата добија обвинителките Анита Тополова – Исајловска, Лидија Раичевиќ, Ленче Ристоска и судијата Ненад Савески. Сега на потег е Владата која треба да селектира еден кандидат и да го достави до Собранието на гласање.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски испадна од трката бидејќи, по видување на Советот не го исполнил условот за непрекинат стаж.

Анита Димитријевска – Велковска