јЈСП Скопје
Неповолни временски услови ја затворија жичницата на Водно
17.02.2026 15:32
Од ЈСП информираа дека надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници...

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови, соопштија од ЈСП Скопје.
„Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција“, велат од претпријатието.
Од ЈСП информираа дека надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.
