Зелено светло за девет македонски амбасадори
Нивните имиња денеска поминаа на владина седница. Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања ќе биде новиот амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Илина Мангова, која доаѓа од невладиниот сектор ќе замине во Лондон.

Девет нови амбасадори ќе ја претставуваат Македонија во странските земји. Нивните имиња денеска поминаа на владина седница, потврдуваат за МТВ од Илинденска. Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања ќе биде новиот амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Илина Мангова, која доаѓа од невладиниот сектор ќе замине во Лондон.
Останатите имиња се добропознати во дипломатијата.
Меѓунив е Линда Салиеска-Иљазоска, која во моментов работи во кабинетот на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а треба да биде новиот македонски амбасадор во Хаг. Предложените амбасадори прво ќе треба да ги достават програмите и плановите до матичната собраниска комисија, потоа согласно надлежностите претседателката Сиљановска-Давкова ги именува амбасадорите во странство.
На денешната владина седница изгласан е предлог за две имиња за конзулатите во Мелбурн и Солун.
