Продолжуваат мировните преговори во Женева, територијалните прашања во фокус
За нивно решавање најдобар начин е тет-а-тет средба со Путин-изјави Зеленски за „Аксиос“. Потврди дека му наложил на тимот да организира иден состанок на раководно ниво во Швајцарија.

Втор ден од мировните преговори во Женева откако делегациите на Украина, Русија и САД го затворија политичкиот дел од разговорите. Територијалните прашања остануваат во фокусот.
За нивно решавање најдобар начин е тет-а-тет средба со Путин-изјави Зеленски за „Аксиос“. Потврди дека му наложил на тимот да организира иден состанок на раководно ниво во Швајцарија.
Изјави дека Киев е подготвен за брз и достоинствен договор, но тоа зависи од Москва, посочувајќи ја руската несериозност по масовниот напад за време на преговорите.
„Дури и на денот кога започнаа состаноците во Женева, Русија одговори со масовен напад. Ова јасно покажува што навистина сака Москва. Украина е подготвена брзо да се движи кон пристоен договор за завршување на војната. Прашањето е – дали Русија е подготвена за вистинска дипломатија и траен мир?“, нагласи Зеленски.
