Собрание

Денеска во Собрание избор на нов уставен судија

18.02.2026 08:51

На дневен ред, изборот на Гоце Наумовски за нов уставен судија. Пратениците треба да се изјаснат и за предлогот на СДСМ за измени на законот за минималната плата.

Во Собранието, пленарна седница. На дневен ред, изборот на Гоце Наумовски за нов уставен судија. Пратениците треба да се изјаснат и за предлогот на СДСМ за измени на законот за минималната плата. Опозицијата бара минималец од 600 евра.

Претходно, народните избраници треба да ги констатираат оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски и на членот на Антикорупциска, Цвета Ристовска.