Поради излевање на Вардар пренасочен е сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, информира АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози...

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – с. Чегране поточно во с. Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од с. Чајле кон с. Старо Чајле према с. Форино – Патот кон село Герман е блокиран кај с. Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
