Муцунски во Тирана на министерски состанок за Коридорот 8
Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Тирана, на којшто заедно со колегите од Албанија, Италија, Бугарија и Романија, учествува и македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски...

Тирана е домаќин на министерскиот состанок за Коридорот 8, на којшто заедно со колегите од Албанија, Италија, Бугарија и Романија, учествува и македонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски. Во фокусот актуелните инфраструктурни проекти и предизвиците со кои земјите се соочуваат.
Коридорот 8 е стратешка врска меѓу Јадранското и Црното Море. Македонија целосно е посветена на исполнување на обврските кои произлегуваат од проектите долж коридорот. Кон крајот на минатата година, Скопје и Софија го потпишаа договорот за прекуграничниот железнички тунел.
Наша амбиција е не подоцна од 2029-та на Коридорот 8 да имаме поврзување со автопат и експресен пат, граница со граница.
