Јавна расправа за работната верзија на Предлог законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев за Предлог-законот за висока раководна служба неодамна изјави дека станува збор за суштинска и долгоочекувана реформска мерка која воведува јасни правила, професионализам и одговорност во јавниот сектор.

Јавна расправа по работната верзија на Предлог законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите ќе одржи денеска во Собранието Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Целта на законот е создавање професионална, департизирана и ефикасна јавна администрација, во која напредувањето ќе се темели исклучиво на знаење, искуство и резултати.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев за Предлог-законот за висока раководна служба неодамна изјави дека станува збор за суштинска и долгоочекувана реформска мерка која воведува јасни правила, професионализам и одговорност во јавниот сектор.
Овој закон е на реформската агенда на државата повеќе од седум години. Првпат се нуди јасно и применливо решение кое ги опфаќа раководните и извршните функции во околу 100 институции и воспоставува транспарентни критериуми и постапки за избор, истакна Минчев.
