Бездомните кучиња и натаму проблем во Битола
Во Битола, и натаму проблем се бездомните кучиња. Иако пред една година беше изграден стационар во кој може да се згрижат 75 кучиња, граѓаните сметаат дека тоа не е доволно.

Широк сокак освен за туристите атрактивен и за уличните кучиња кои и натаму остануваат голем проблем за минувачите.
Прифатилиштето „Хачико“ функционира една година. Има капацитет за згрижување и третман на 75 бездомни кучиња.
Според битолчани тоа е малку.
За намалување на бројот на бездомни кучиња, активисти со предлог.
„Одложување на мали кучиња има секаде низ градот. Место големи оштети по каснување, парите да се пренасочат преку субвенции на сопствениците кои немаат можност да ги кастрираат и стерилизираат милениците“, изјави Елена Котевска-активист.
Минатиот викенд во битолска населба улично куче нападна и повреди двегодишно дете.
Во меѓувреме се множат енормни бројки на поплаки, жалби и големи суми исплатени за штети од каснување на куче скитник.
Ружица Ѓоршевска
