САД ќе ги прошират санкциите за Русија

12.09.2014 10:40

Овој потег беше координиран со Европската унија, од каде најавија дека новите санкции врз Русија ќе стапат на сила денеска...

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД  ќе ги прошират  санкциите во одбраната, финансиите и енергијата против Русија поради нејзините противправни акции во Украина.

Овој потег беше координиран со Европската унија, од каде најавија дека новите санкции врз Русија ќе стапат на сила денеска.

Санкциите беа формално усвоени на 8-ми септември, но примената беше одложена заради спроведувањето на примирјето во источна Украина. 

Новите санкции опфаќаат забрана за  трговија  со оружје со руските одбранбени фирми. Тие, исто така, вклучуваат забрана за финансирање на руските енергетски компании од ЕУ.