ЦИА: Исламската држава има околу 30.000 борци
Американскиот претседател Барак Обама вчера објави широка стратегија за градење на меѓународна коалиција во борбата против милитантната група...

Американската Централна разузнавачка агенција објави дека Исламската држава во Сирија и Ирак има околу 20.000 до 31.500 борци. Ова се базира на прегледот на разузнавачки извештаи од мај до август годинава.
Американскиот претседател Барак Обама вчера објави широка стратегија за градење на меѓународна коалиција во борбата против милитантната група. Обама во обраќањето до нацијата вети дека ќе ја искорени Исламската држава. Нивните милитанти се одговорни за убиствата на илјадници луѓе во Сирија и Ирак.
Американскиот државен секретар, Џон Кери, пак изјави дека 10 арапски држави се согласиле да работат заедно со САД во борбата против милитантите од Исламската држава.
Кери ова го изјави во Саудиска Арабија по разговорите со високи претставници од Турција, Египет и арапските заливски држави.
