Конференција
Борба со сивата економија
18.02.2026 13:05
Во Скопје конференција за формализација на сивата економија. Премиерот Мицкоски порача – законот важи за сите.

На конференција во Скопје се бараа решенија, како да се стигне до поголема формализација на сивата економија. На маса седнаа македонските власти, економисти и претставници на меѓународни институции. Премиерот Мицкоски порака дека законот мора подеднакво да важи за сите. Министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска презентираше конкретни мерки кои ги презема владата за намалување на сивата економија.
Александра Велинова ја следеше конференцијата.
