Се кршат копјата за повисок минималец
Социјалдемократите и Левица инсистираат на покачување на минималната плата преку кратење на одредени ставки во буџетот. Сега, вели опозицијата, луксуз е граѓаните да ги платат режиските трошоци, а камо ли да размислуваат за годишен одмор.

Минималната плата и нејзино зголемување до 600 евра во фокусот на пратеничките прашања. Социјалдемократите и Левица инсистираат на покачување на минималната плата преку кратење на одредени ставки во буџетот. Сега, вели опозицијата, луксуз е граѓаните да ги платат режиските трошоци, а камо ли да размислуваат за годишен одмор.
Министерот за економија Дурмиши, вели во март ќе се зголеми минималната плата според методологијата која ја одобри претходната влада. Тој смета дека куповната моќ кај нас е поголема, споредбено со другите држави во регионот.
Народните избраници ги констатираа оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски и на членот на Антикорупциска Цвета Ристовска.
Миле А. Ристески
