Борба со инфлацијата и справување со сивата економија
Инфлацијата се смирува, власта очекува во наредните месеци да падне под 3 проценти. Ќе има и велигденска кошница за граѓаните. Надлежните проценуваат дека ситуацијата се смирува, но, како неопходност посочено справувањето со сивата економија...

Годишна инфлација под три проценти е прогнозата на Владата, од каде очекуваат натамошно намалување на трошоците за живот. Засилено се следат цените на прехранбените производи за да се заштитат потрошувачите.
„Влеговме во круг на зголемување на цените паралелно со зголемувањето на платите, стабилизацијата не може да се случи преку ноќ“ – вели министерката Кочоска.
Освен борбата со инфлацијата, неопходно е и справување со сивата економија која ја намалува довербата во институциите. Потребни е системски и долгорочен одговор, предупредуваат економистите.
Засилените инспекциски контроли, дигитализацијата и безготовинските плаќања се едни од мерките за сузбивање на сивата економија за поголема сигурност на работниците, поголеми буџетски приходи и намалување на нелојалната конкуренција.
Александра Велинова
