Одбојка - СП Полска 2014

„Е“ групата пред одбојкарска војна

12.09.2014 11:12

На Светското првенство во одбојка во Полска денеска е слободен ден. Тоа е само привидно затишје, пред натпреварувачката бура која ќе уследи! Дури девет репрезентации во исходот од следните две кола ја гледаат својата шанса за искачување на повисокото, трето мундијалско ниво. По вчерашните мечеви, особено во „Е“ групата уште повеќе се „закрви“. Победата на САД над Србија со 3:1 е со најголема тежина.

На Светското првенство во одбојка во Полска денеска е слободен ден. Тоа е само привидно затишје, пред натпреварувачката бура која ќе уследи! Дури девет репрезентации во исходот од следните две кола ја гледаат својата шанса за искачување на повисокото, трето мундијалско ниво. По вчерашните мечеви, особено во „Е“ групата уште повеќе се „закрви“. Победата на САД над Србија со 3:1 е со најголема тежина. Американците блеснаа кога беше најпотребно и сега  во дуелите против „отпишаните“ Австралија и Аргентина имаат бришан простор.Полска имаше психолошки тежок меч против Италијанците, кои ја бранеа сопствената одбојкарска чест. Пољаците, френетично бодрени во салата во Лоѓ го надминаа загубениот прв сет и со 3:1 победнички го завршија исклучително важниот натпревар. Бодовната состојба во оваа група е таква, што ќе отвори одбојкарска војна меѓу Франција,Полска, Иран и Србија за преостанатите две места,кои водат во ¼ финалето.Првите битки да се биде или не се утре меѓу Србија и Франција и Полска и Иран.

Во „Ф“ групата е нешто по мирно.Бразил  е лидер и сигурен ¼ финалист, а на добар пат е и Русија. Германија направи голем исчекор со успехот над Бугарија со 3:1. Но,  оваа победа ќе нема вредност, ако Германците не успеат да го добијат клучниот дуел против директниот конкурент,Канада.

„Е“ група: резултати

Иран-Аргентина 3:0

САД-Србија   3:1

Франција-Австралија 3:1

Полска-Италија 3:1

Табела:

1.Франција     13

2.Полска         12

3.Иран 11

4.Сад  10

5.Србија 9

6.Аргентина 3

7.Италија 2

8.Австралија 0

„Ф“ група: резултати

Бразил-Кина 3:0

Канада-Финска  3:0

Русија-Куба 3:1

Германија-Бугарија 3:1

Табела

1.Бразил  15

2.Русија  14

3.Германија 12

4.Канада  10

5.Бугарија  5

6.Финска  2

7.Куба 2

8.Кина 0

13.09: 6 коло-двојки

16.30 Аргентина-Италија

16.30 Бразил-Канада

16.30 Финска-Кина

16.30 Србија-Франција –МРТ пренос

20.25 Австралија-САД

20.25 Куба-Бугарија

20.25 Германија-Русија –МРТ пренос

20.25 Полска-Иран