Култура
Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
19.02.2026 08:22
Најавено е поздравно обраќање на директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска...

Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Најавено е поздравно обраќање на директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.
Обраќање на тема за значењето на мајчиниот јазик ќе има проф. д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за македонски јазик.
На свеченоста ќе настапи актерот Никола Ристановски. Настанот ќе биде збогатен со читање поезија од ученици од основните и од средните училишта.
